СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен

Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен во дури 17 држави. Посебно е нагласено дека во 14 земји членки, вклучувајќи ги големите производители Италија и Шпанија, виното воопшто не се оданочува.
Во ЕУ се наоѓаат седум од 10-те земји со најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител во светот, а меѓу најголемите потрошувачи се Романија, Летонија и Чешка. Алкохолот е главен фактор на ризик за рак, а ризикот се зголемува со зголемување на потрошувачката.
СЗО соопшти дека владите треба да се стремат кон намалување на потрошувачката на алкохол за да ги заштитат луѓето од неговите штетни ефекти. Зголемувањето на цената на алкохолните пијалоци преку даноци е една од најефикасните мерки што владите можат да ги преземат, според СЗО. Сепак, некои земји од ЕУ имаат минимални или никакви даноци за одредени видови алкохол.
– Подостапниот алкохол поттикнува насилство, повреди и болести, изјави Етјен Круг, директор во СЗО. Организацијата посочува дека алкохолот е главен фактор за појава на рак, кардиоваскуларни болести и депресија, што дополнително ги оптоварува здравствените системи.
Во посебен извештај, СЗО алармира дека и засладените пијалаци станале поевтини и подостапни во 13 земји на ЕУ од 2022 година наваму. Организацијата препорачува владите итно да ги зголемат цените преку даночни механизми за да го заштитат јавното здравје од дебелината, дијабетесот и срцевите заболувања.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
