СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебреисус на денешната средба со шпанскиот премиер Педро Санчез разговараа за спроведената операција по избивање на хантавирусот на крузерот „МВ Хондиус“.
Гебреисус посочи дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зелено’ртските Острови, кои во тој момент беа најблиски до местото на инцидентот.
Според него, во моментов ништо не укажува на поголемо ширење на вирусот, но предупреди дека ситуацијата сè уште се следи поради долгиот период на инкубација.
Досега идентификувани се 11 сомнителни случаи, од кои девет се потврдени, а уште два се сметаат за веројатни. Сите пациенти се во карантин под медицински надзор, а од 2 мај не е регистриран ниту еден починат.
Санчез наведе дека операцијата била успешна и оти повеќе од 120 патници од различни земји биле репатрирани преку 10 специјални летови.
Според шпанското Министерство за здравство, еден шпански државјанин, кој претходно бил „привремено“ позитивен на вирусот е сè уште стабилен, со благи симптоми, без влошување на клиничката слика.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
