Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица

Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг.
Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани.
Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, долж брегот на градот Хуиџоу во покраината Гуангдонг. Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ наведе дека Ноул е најсилниот тајфун што оваа година ја погодил Кина.
Опсерваторијата во Хонгконг соопшти дека Ноул проследен со постојани ветрови од 110 километри на час, се движи кон внатрешноста на покраината Гуангдонг и постепено слабее, но и натаму носи силни ветрови и обилни врнежи во делови од регионот.
Во покраината денеска во прекин е железничкиот сообраќај.
Државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“ јави дека во крајбрежниот округ Хуилаи има голем број паднати дрвја чии крошни не ги издржале налетите на ветрот.
Управата на аеродромот во Хонгконг соопшти дека денеска биле откажани околу 350 летови.
Според податоците на локалните власти, најмалку девет лица биле повредени како последица на невремето.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
