Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
Младите фудбалери на ФК Водно од генерациите 2013 и 2015 постигнаа извонреден успех освојувајќи ги првите места на престижниот турнир „Овиедо Куп“, кој се одржа во Шпанија. Во силна конкуренција со екипи од повеќе држави, тие покажаа одлична игра во текот на целиот турнир и заслужено стигнаа до шампионските титули во своите категории.
Овој двоен триумф претставува потврда за квалитетната работа во младинските категории на клубот, но и доказ за големиот потенцијал што го поседуваат овие млади играчи. Успехот во Овиедо е значаен чекор во нивниот развој и воедно претставува силна промоција на македонскиот младински фудбал на меѓународната сцена.
ФК Водно со ова уште еднаш покажа дека располага со талентирани генерации кои имаат капацитет да се натпреваруваат и победуваат на високо ниво.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
