Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
Таравари со оставка до Мицкоски од министер за здравство откако реши да замине во опозиција. Фотелјата ќе може да ја ослободи најрано во вторник, за кога е закажана седница во парламентот. Претходно премиерот треба да ја прими оставката и да ја препрати во Собранието. Таравари може да ја образложи оставката, но и не мора. Пратениците пак, не дискутираат по нејзе и таа веднаш ќе се констатира.
Но, покрај личната најава на Таравари дека се повлекува од министерската позција, засега чекорот не го следи вицепремиерот за доборо владеење Фетаи. Тоа според вицепремиерот Меџити кој е дел од Вреди е доказ дека крилото на Алијанса што го предводи Таравари се распаѓа.
Во меѓувреме во парламентот почна пребројувањето на пратеници со кои располагаат Вреди и Алијанса. Деветмината пратеници што досега припааѓаа на коалиција Вреди, а доаѓаа од редовите на Демократско движење, БЕСА, Ачтернатива и Самоопределување сега стануваат дел од единствена пратеничка група на партијата Вреди.
Барањето веќе е поднесено од спикерот Гаши. Координатор ќе биде Ќоку. На списокот засега нема ниту еден пратеник што даоаѓа од редовите на Алијанса, но Гаши вели дека понудено е да се придружат.
Пратеникот Снопче, кој е предводникот од пратеничката група на Алијнаса пак, тврди дека формирањето на новата пратеничка група Вреди не било Деловничко.
Снопче тврди дека сите петмина пратеници од Алијанса застануваат зад таравари, а нивнотот барање з апратеничка група треба да се очекува наредната недела.
Министерот за социјална политика Лимани, пак, најавува зголемување на владејачкото мнозинство со нови пратеници од Европскиот фронт.
Вреди досега располагаше со 14 пратеници.
-
Kaтерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар