-->
-->
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-->
Синоќа во 21:45 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР - Неготино, лишија од слобода 46 - годишник од селото, по претходна пријава од 40-годишна мајка, дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син.
Пријавениот бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес.
-->
-->
-->