Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит

Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит. Тажната вест ја соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, кој преку објава на социјалните мрежи се прости од својот пријател.
„Си замина Боби Ле Петит… Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор. Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ, за кои нема зборови за утеха. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби. Збогум, пријателе“, напиша градоначалникот.
Боби Ле Петит ќе остане запаметен како човек кој несебично им помагал на другите и како личност што зад себе остави силен човечки и пријателски печат во заедницата.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
