Македонија
23. March 2022 - 12:22
Текстилните работнички со нарушено здравје
Состојбата со безбедноста и здравјето на работниците во текстилната индустрија е на основно ниво и во рамки на минималното што законот го побарува. Истражувањето спроведено од страна на македонското Здружение за заштита на работниците при работа покажало дека здравјето на текстилните работнички е значително нарушено.
Работничките почесто заболуваат во однос на машкиот пол што се совпаѓа и со сведоштвата на конфекционерките.
Најчесто се експлоатираат теми во однос на недоволно платената работна рака, прекувремената работа, погазувањето на работничките права.
Истражувањето имаше за цел резултатите да имаат реален придонес за зачувувањето на здравјето и работоспособноста на текстилните работници.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->