Македонија
5. November 2021 - 21:23

Тема на денот: Дали е нарушен кредибилитетот на АНБ по последниот скандал?

Скандалот со агентот изнудувач може да влијае врз начинот и сериозноста на кои НАТО пристапува кон издавањето и почитувањето на безбедносните сертификати.

Во тема на денот професор Марјан Николовски вели дека истрагата треба се подигне на повисоко институционално ниво и да се искористат сите механизми, со кои располага и АНБ. Тој сепак не смета дека еден ваков случај може  да ги компромитира безбедносните сертификати со оглед дека критериумите за нивно издавање откако сме членки во НАТО се на едно многу повисоко ниво. Но,  во минатото имаше случаи кога токму од Алијансата  десетина барања беа одбиени за лица вработени во различни институции во  Македонија.

Во однос на злоупотреба при креирање службените белешки професор Николовски  вели дека сомнеж не треба да има бидејќи постојат неколку филтри низ кои треба да помине за една ваква белешка да се означи како валидна.

Постои сериозна опасност од бегство на лицето вработено во АНБ, со оглед дека тој не доби мерка притвор.

Со какви се алатки располага ова лице е нејасно особено затоа што надлежните не прецизираа на која позиција бил ангажиран во АНБ дали како дел од оперативниот состав или лице кое било ангажирано да прибира информации за потребите на агенцијата. Професорот Николовски сепак вели дека Агенцијата постигнала големи резултати од своето формирање до денес и вели дека пропусти и да имало биле минорни.