Теренска вакцинација во струмичко
Службата за вакцинација на здравствен дом Струмица спроведува сопствена кампања за вакцинација на терен. Опфатени се сите четири општини во микро регионот со акцент на по оддалечените рурални места. Одлуката била донесена откако претходната теренска вакцинација покажала дека интерес од граѓаните и понатаму има, но многумина поради оддалеченоста на местото на живеење не успеале да се имунизираат. Вообичаено, најголем интерес има од повозрасните граѓани кои доаѓаат за трета доза.
Граѓаните кои решија да се вакцинираат во сопственото место велат со третата доза добивале поголема сигурност за личното, но и на здравјето на нивните блиски.
Паралелно додека тече имунизацијата, дел од здравствените работници преку едукативни материјали на терен ги информираат и едуцираат граѓаните за придобивките од вакцините и нивното значење. За оние граѓани кои се во потешка здравствена состојба и не можат да се движат здравствен дом врши вакцинација и во домашни услови.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар