Loading Video...
Свет
14. December 2025 - 16:37
Терористички напад на плажа во Сиднеј
Најмалку 12 лица се убиени, а 29-мина повредени во терористички напад на плажа во Сиднеј за време на прослава на еврејскиот празник Ханука. Кон присутните пукале две вооружени лица, еден од напаѓачите бил убиен на самото место во престрелка со полицијата, додека вториот е уапсен и според информациите е во критична состојба.
Вториот напаѓач пред да биде повреден од истрелите на полициското оружје, бил совладан од 43 годишник кој претходно му ја одзел пушката.
Нападот е прогласен за терористички чин. Луѓето кои биле во толпата сведочат за ужасни сцени после нападот.
Австралиските власти го осудија нападот и го сметаат за акт на омраза и терор. Случајот е еден од најсмртоносните масовни напади во Австралија во последните 30 години.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
