Македонија
30. October 2015 - 17:21

Тероризмот не е нешто што се случува само некаде далеку од нас

Препознавањето на радикализмот и насилниот екстремизам во рана фаза е најдобриот метод за справување со оваа глобална закана. Специјални тимови ќе ги обучуваат полициските службеници кои се секојдневно на улиците да ги препознаваат лицата кои би можеле да бидат дел од овие групи. Само така ќе може да се делува ефикасно.

- Да се открие или да се превенира радикализам, насилен ектремизам или дури тероризам е мноту тешка работа. Најтешко е да се препознае во раната фаза. Сепак, мора да работиме на терен, затоа што тероризмот е една од глобалните закани која не ја одминува Република Македонија, рече Тони Јакимовски, национален координатор за борба против тероризмот.

- Овој проект е врз основа на европски модел, веќе спроведен во 17 европски држави  со околу 150 обучувачи, кои имаат цел да им помогнат полициските службеници кои работат во заедниците да идентификвуаат можни знаци за тероризам или екстремизам, изјави амбасадорката на ОБСЕ Суомалаинен.

Обуката ја имаат завршено четворица полициски службеници, преку проектот на ОБСЕ, а тие ќе бидат задолжени да го пренесат познавањето на нивните колеги. Преку ваквиот систем се очекува полициските службеници во првата линија на контрола во заедниците објаснување во однос на одредени чувствителни појави.