Македонија
16. December 2016 - 16:58

Тешките повреди на алпинистот Јован Поповски, веројатно уште една недела ќе го остават врзан за болничкиот кревет

Под постојан надзор на тимот лекари од торако-васкуларната клиника е 68 годишниот алпинист Јован Поповски. Повредите кои му ги нанесоа непознати лица по политичка дебата во кафеана веројатно уште една недела ќе го остават врзан за болничкиот кревет. Од клиниката велат дека е подобра здраствената состојба на Јове, но неопхопден е постојан надзор. Тој беше примен со три скршени ребра кои предизвикале оштетувања на белодробното крило како и повреди на окото и горните екстремитети.

Додека лекарите се грижат за неговата здраствена состојба полицијата интензивно работи на расчистување на случајот велат од МВР. Направен е сериозен напредок во истрагата, но за да се затвори случајот ќе мора да се причека до излегувањето на Поповски од болница.

Според полицискиот извештај додека Јове ноќта во средата седел во кафеана и разговарарал со пријатели за состојбата во Македонија, од соседната маса  на која имало три лица, еден му дофрлил:  Tи да не си Вмровец? На што тој одговорил : Не сум ВМРОВЕЦ и не сум предавник.

Прво го нападнале пред кафеаната, но по реакцијата на сопствениците и третиот кој бил со нив успеале да ги отргнат.

За инцидентот на својот Фејсбук профил детали за случајот од очевидец објави и познатиот професор и научник Горазд Росоклија.

- Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Макеонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат.

Јован Попоски - Јове ги водел сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот вклучувајки и ја и експедицијата на Монт  Еверест кога  загина Димитар Илиевски ,,Мурато".