Македонија
10. September 2025 - 14:32

Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него

На 09.09.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З. од Скопје и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван 16-годишник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.