Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен соопшти дека скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидувале да го изгаснат пожарот на депонијата Дрисла.
-Гаснењето со вода не даваше резултати, по што се пристапи со затрупување на најкритичниот дел од депонијата, каде беше најсилното горење. Бидејќи е прогласена кризна состојба на територија на цела држава поради пожарите, денес надлежноста врз депонијата Дрисла ја презема Главниот штаб за управување со кризи. Од тие причини дадовме задача денес да се почне со агресивно затрупување на дел од депонијата Дрисла, каде го имаме најголемото чадење, делот каде се одвива горењето, изјави Ангелов. Очекува до попладневните часови овој дел да биде целосно затрупан и чадењето, кое од вчера доцна попладне до денес, предизвиква силни непријатности за граѓаните да застане.
Ангелов изјави дека има индиции дека се работи за намерно подметнат пожар бидејќи во текот на летото, кога имало високи температури не дошло до самозапалување на депонијата.
-Сега, кога ноќните температури се далеку пониски во однос на јули, дојде до „самозапалување“ на оваа депонија, рече Ангелов.
-Денес Управувачкиот комитет за управување кризи и предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во депонијата Вардариште. Оваа депонија ќе биде обележана и движењето низ неа ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија и ќе биде внимателно обезбедена и ќе спречиме нејзино намерно или ненамерно потпалување, рече Ангелов. Потсети дека од МВР се поднесени кривични пријави за три лица кои, како што рече, веќе се во затвор, лица кои управувале со диви отпади, на кои вршеле откуп на метали, кои биле добивани преку процес на согорување на кабли и дриг вид отпад на депонијата Вардариште.
Ангелов информира дека овие мерки досега се преземени од страна на Владата и други владини институции за да се избегне опасноста од предизвикување нови пожари на овие депонии и очекува тие да дадат резултати.
-Секојдневно на депонијата Вардариште од страна на специјалните возила на ДЗС се врши дотур на вода, со кој се догаснуваат испарувањата кои секојдневно упорно се повторуваат. На депонијата Дрисла и на депонијаат Вардариште има по едно возило хермелин на ДЗС, рече Ангелов, кој очекува двете депонии да бидат целосно затрупани.
Според него, по завршувањето на изборите треба градоначалникот на Град Скопје во соработка со Владата, со надлежните минстерства, со градоначалникот на општина Гази Баба, со институции, да почнат со реализација на проектот донесен пред многу години и ќе биде трајно решение. Затрупувањето, како што рече, е само привремено решение.
ЦУК информира дека пожарот на депонијата Дрисла избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
-Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, наведува ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата