-->
-->
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-->

На 18.11.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Воденска“ со ул.„Разловечко востание“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(28) од Штип и мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
