Македонија
9. July 2025 - 14:06

Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

На 08.07.2025 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека во 06.40 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од Радовиш и велосипед управуван од Г.М.(41) од Радовиш, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.