-->
-->
Тесла ја надмина Тојота, повредна и од Дизни и Кока Кола
-->

Најновите податоци покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од „Тојота“.
„Тесла“ исто така е повредна од „Кока-Кола“, „Дизни“, „Циско, „Мерк“ и „Ексон Мобил“.
Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 350 проценти, достигнувајќи проценета вредност седум пати поголема отколку во исто време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е преценета, со оглед на количината автомобили испорачани во светот.
Многумина сметаат дека „Тесла“ е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, „Тесла“ испорача нешто помалку од 400.000 електрични возила во светот.
Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од „Тесла“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
