Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд - над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.
Температурата низ државата се очекува да се движи од 10 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје, температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.
Утре се очекува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец - над 60 километри на час, а дневната температура да опадне од 5 до 7 степени.
Во деновите од викендот, според најавите на УХМР, времето ќе биде стабилно и посвежо. Температурите од понеделник повторно ќе бидат во пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
