Македонија
25. July 2025 - 16:39

Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош

На 42 степени не престануваат да звонат телефоните во Скопската брза помош. Колапси на јавно место, сообраќајќи и влошување на состојбата кај хронично болни се најчести ситуации поради кои граѓани звонат во службата во овој топлотен бран.

И додека екипата на Сител беше таму околу пладне имаа повик за итна помош, бидејќи едно лице паднало во безсознание додека било во автомобил во Автокоманда.

- Најчесто овој период кога е жешко времето се колапсите и сообраќајните незгоди. Тука исто така се и пациентите кои се со хронични заболувања кои имаат моменти од топлото време да се јави влошување на состојбата, изјави д-р Александра Пејовска, шеф на смена во Брза помош – Скопје.

Изминатото денонокие екипите интервенирале на 6 сообраќајни несреќи во главниот град

- Поради жешкото време концентрацијата е намалена, измореноста е присутна, стресот и нервозата да се тргнат од топлото што побргу. Сето тоа придонесува да се чести сообраќајките овој период, рече д-р Пејовска.

Дневно во Службата регистрираат над 100 повици, а имаат околу 40 интервенции. Неделава нивни екипи се ангажирани и здравствено да ги обезбедуваваат локациите каде има  натпревари од младинската олимпијада која се одржува во Скопје.