Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град.
Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе почне опаѓање на температурите.
Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места низ земјата. Значително пониски дневни температури се најавени за петок.
Метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради високите температури во следните неколку дена, како и поради можноста за локални временски непогоди во попладневните часови.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на одделни места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во земјава ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во главниот град ќе достигне 39 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
