Македонија
2. January 2026 - 13:07
Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
Околу 10 килограми чист кокаин бил запленет во акција која во текот на вчерашниот ден ја спровеле МВР и ЈО.
Според информациите, приведено е 26-годишно лице откако во автомобилот „БМВ x5“ кој го управувал, била пронајдена дрогата при претрес на локален пат во скопско Количани.
Според информациите кои ги сподели Обвинителството. дрогата била пронајдена во специјален бункер во возилото кое имало скопски регистарски таблички.
За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство.
Поради тоа што станува збор за поголемо количество дрога, издадени се наредби за серија вештачења и да се испита инволвираноста и на други лица.
-->
-->
