Тошковски: Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза

Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека заасега не може да открива повеќе детали, бидејќи постапката е во почетна фаза.
-Не можам да кажам детали. МВР го класифицираше настанот како убиство, но се уште сме во рана фаза, изјави Тошковски.
Тој воедно информира дека во „Макстил“ се обезбедувааат материјални докази за постапката која се води во Јавното обвинителство.
Тошковски при тоа не прецизираше дали станува збор за еколошки или економски криминал.
-Постапуваме по наредба на Јавното обвинителство. Се обезбедуват докази кои што со Јавното обвинителство биле утврдени дека треба да бидат обезбедени. За сите чекори кои ќе следат во иднина навремено ќе ја информираме јавноста, рече министерот Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Формиран Националниот комитет за заштита на новинарите
-

Мицкоски: Грижата за децата е приоритет
-

Македонија на 68 место по дигитализација
-

Регионалниот центар во Новаци се очекува да функционира во 2030 година
-

Модернизација и дигитализација на земјоделското производство
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
