Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно

Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во изјава за медиумите за време на работна посета на Полициската станица Центар (Беко), иформираше дека се случиле два сериозни инциденти - убиство на турски државјанин со нож во скопската чаршија и случај на тешко повредено двегодишно дете, од засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничките центар.
-Седум лица се повредени од употреба на пиротехнички средства, а едно лице се самоповредило со ловна пушка на територија на СВР Битола. Во целокупниот период во текот на вчерашниот ден регистрирани се 31 кривично дело и 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 49 лица по разни основи, најмногу во врска со нелегална трговија со дрога и нарушен јавен ред и мир, рече Тошковски.
Безбедносната состојба на триторијата на целата држава, рече тој, беше стабилна, и за таа цел имаше засилено присуство на полицијата на терен и беа преземени координирани насочени мерки за одржување н поволна безбедносна состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
