Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
Најмалку пет лица загинаа, а повеќе се повредени во серија тешки верижни сообраќајни несреќи што утрово се случија на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во близина на градот Јамбол. Во судирите учествувале околу 50 возила, меѓу кои автомобили и камиони.
Според бугарските медиуми, несреќите се случиле околу 7 часот, во услови на исклучително густа магла и значително намалена видливост. Првиот судир се случил во правец кон Бургас, по што следувале нови судири, вклучително и во спротивниот правец кон Софија.
Областниот управител на Јамбол, Георги Чалаков, соопштил дека според досегашните информации има петмина загинати, но не ја исклучил можноста бројот на жртвите да се зголеми.
Во болницата во Јамбол биле пренесени повеќе повредени лица, од кои дел се во тешка состојба. Според медицинските служби, тројца повредени биле примени во шок-соба со повреди опасни по живот. За нивно згрижување биле мобилизирани медицинските тимови од повеќе одделенија.
На местото на несреќите интервенирале бројни полициски, противпожарни и медицински екипи. Поради сериозноста на ситуацијата бил активиран и системот за предупредување на населението.
Автопатот „Тракија“ бил затворен за сообраќај во двата правца, а возилата биле пренасочувани по алтернативни патишта.
Надлежните служби ги утврдуваат точните околности под кои се случиле несреќите.
Ново на Сител
-

Заедничко одбележување на Германија и Франција во Прилеп: Темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување
-

Нов сомнителен случај на морбили, се чекаат резултатите од лабораториските анализи во ИЈЗ
-

ЕУ за „Стив Наумов“: Ако има дефекти, изведувачите мора да ги поправат, но и студентите да ги чуваат собите
-

Ана и Игор Дурловски на заеднички концерт: Два светски гласа – еден „Завет“
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
