Трагедија во Македонија: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка
Тешка несреќа го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче го загуби животот по пад од детска лулашка во градскиот парк.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 9 јули 2026 година околу 20:20 часот во СВР Тетово, откако од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која во моментот престојувала во Гостивар, но без знаци на живот.
Според досегашните информации, девојчето се здобило со тешки повреди откако паднало од лулашка во паркот. Веднаш било транспортирано во болницата, но лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот, а смртта била констатирана во 20:55 часот.
За случајот бил известен јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатото девојче да биде предадено на обдукција.
Полицијата и надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите детали и причините што довеле до трагичниот настан.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
