Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешната објава на неговата мрежа „Тру соушал“ ги повика Иран и Израел веднаш да ги прекинат обновените меѓусебни напади – пренесе ДПА.
„Израел и Иран мора веднаш да престанат да пукаат. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, наведе тој во објавата.
Неговото барање доаѓа откако Иран синоќа го нападна Израел, а Израел утрово возврати.
Ова исто така следува по телефонското интервју за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) во кое Трамп рече дека тој – а не израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – ги диктира работите во конфликтот на Блискиот Исток.
„Јас ги диктирам сите работи. Тој не ги диктира работите“, беше цитиран американскиот претседател осврнувајќи се на израелскиот премиер, потсетува ДПА.
Трамп наводно го повикал Нетанјаху да не возвраќа апелирајќи до Иран да се врати на преговарачката маса и да склучи договор, пренесе американскиот радиодифузер „Фокс њуз“.
Трамп за „Фајненшел тајмс“ изјави дека е уверен оти ќе се постигне договор и покрај последната ескалација и дека новите напади нема да влијаат на договорот.
Нетанјаху исто така „нема друг избор“, освен да прифати договор постигнат меѓу САД и Иран, рече Трамп, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
