Трамп е убеден дека беше саботиран во ОН, бара итна истрага
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да отворат истрага за „тројната саботажа“ во која тој се најде во центарот.
Според американскиот претседател, саботажите се случиле за време на неговото пристигнување и говор на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк оваа недела.
Преку социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека првата саботажа се случила кога влегол во зградата на Обединетите нации кога, токму во тој момент, се случил дефект на елеваторот, поради што тој и неговата придружба морале да се упатат пеш кон главната сала.
Втората „саботажа“ била дефектот на уредот што го прикажува текстот на говорот на стаклото пред говорникот, поради што морал да гледа во хартијата пред него за време на говорот, а додал дека звучниот систем за време на неговиот говор бил исклучително слаб, што му го потврдила и неговата сопруга Меланија, нагласувајќи дека не разбира ништо.
„Сето ова не беше случајност. Тоа беше класична саботажа и Обединетите нации мора да се срамат од тоа. Барам итна истрага поради сè“, рече Трамп, додека Обединетите нации делумно одговорија на сите овие обвинувања. Тие нагласија дека дефектот со скалите бил случаен, додека уредот што го прикажува текстот од говорот бил одговорност на член на кабинетот на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени
-
Ахмети: Скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби
-
Радарот на Скопскиот аеродром повторно е функционален
-
10-тина жители на Трубарево испратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија
-
Од утре ќе се казнува ако зборувате на телефон или слушалки дури поминувате улица
-
Итен инспекциски надзор за несобраното ѓубре, бара Здружението на млади правници
-
Со Clarivate - Web of science чекор поблиску до Шангајска листа