Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, со добра срцева, белодробна, невролошка и општа физичка активност. Ова беше наведено во соопштението на Белата куќа, издадено синоќа врз основа на резултатите од медицинскиот преглед спроведен оваа недела, објавија светските новински агенции.
По неговата посета на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во вторникот, трета во последните 13 месеци, Трамп рече дека „сè поминало совршено“.
Трамп, кој сега има 79 години, е најстарата личност што ја презеде функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, потсетуваат агенциите. Тој често се претставува себеси како поенергичен и во подобра физичка состојба од неговиот демократски претходник Џо Бајден, кој ја напушти функцијата минатата година на 82-годишна возраст по сомнежи за неговата способност да ја извршува функцијата.
Сепак, неодамнешните фотографии што покажуваат осип на вратот на Трамп покренаа нови прашања за неговото здравје, додека слики од јули 2025 година покажаа отечени глуждови и модринка на раката покриена со шминка.
МИА
Ново на Сител
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
