Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо

Егзекуцијата на поранешниот мајор на американската армија, Нидал Малик Хасан, осуден за убиство на 13 лица и повредување на 32 други во пукотница во воената база Форт Худ во 2009 година, нема да биде емитувана во живо, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој ќе биде погубен како што е планирано, со стрелачки вод, но овој настан нема да биде емитуван во живо“, рече Трамп.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека членовите на семејствата на жртвите ќе можат лично да присуствуваат на егзекуцијата доколку тоа го сакаат.
Трамп изјави дека ја разгледува можноста за емитување на егзекуциите за да, според него, покаже како САД се справуваат со терористите, но додаде дека многу добронамерни луѓе би претпочитале да избегнат да гледаат таков настан.
Американскиот претседател го опиша Хасан како предавник и криминалец, тврдејќи дека јавното емитување на егзекуцијата би можело да послужи како предупредување за потенцијалните сторители на терористички напади.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
