Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека во Пекинг ќе има долг разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг во врска со војната во Иран, но, исто така, нагласи дека не мисли дека му е потребна помошта од кинескиот претседател.
„Не мислам дека ни е потребна никаква помош со Иран. Ќе победиме на еден или друг начин, мирно или на друг начин“, им рече Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа за да отпатува за Кина.
Лидерите на двете најголеми економии во светот ќе ги одржат своите први разговори во живо по повеќе од шест месеци, додека се обидуваат да ги стабилизираат врските затегнати поради трговијата, војната на САД и Израел со Иран и други области на несогласување.
Трамп патува во Кина во време на нерешена војна со Иран. Пекинг одржува врски со оваа земја и останува главен потрошувач на нејзината нафта.
Републиканскиот претседател треба да пристигне во Пекинг утре, пред разговорите закажани за четврток и петок. Тоа ќе биде негова прва посета на Кина од 2017 година.
„Имаме многу теми за разговор. Искрено, не би рекол дека Иран е една од нив, бидејќи во голема мера го имаме Иран под контрола“, изјави тој подоцна за новинарите.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
