Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД

Без САД, НАТО е тигар од хартија, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и им порача на членовите на Алијансата – „кукавици, ќе го запомниме ова“.
„Тие не сакаа да ни се придружат во борбата да го спречиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Сега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата што мора да ја платат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
„Толку лесно им е да го направат тоа, со толку мал ризик. КУКАВИЦИ, и ние ќе го запомниме тоа!“, рече Трамп.
Според Трамп, станува збор за едноставен воен маневар за отворање на Ормутскиот Залив, што е единствената причина за високите цени на нафтата.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
