Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“.
„Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушал“.
Американскиот претседател исто така додаде дека и рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека нема да му продава оружје на Иран, истакнувајќи дека верува оти Русија и Кина не учествуваат во тој конфликт.
„Ако го направат тоа, ќе биде многу лошо за нив, со сигурност тоа не би било во нивен интерес“, напиша Трамп.
САД и Иран се во војна откако САД и Израел почнаа да изведуваат воздушни удари во февруари, при што беа убиени високи ирански официјални претставници, вклучувајќи го и врховниот лидер.
САД неодамна воведоа санкции за физички лица и компании од Русија и Кина за кои сметаат дека му помагаат на Техеран да набавува оружје.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
