Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор.
„Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз.
Се очекува американските, украинските и руските претставници да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева, според американската телевизија.
Трамп го повтори своето предупредување дека Иран ќе се соочи со последици ако разговорите за неговата нуклеарна програма не успеат.
„Мислам дека ќе бидат успешни. А ако не бидат, тоа ќе биде лош ден за Иран“, рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
