Трамп го предупредува Ирак да не го враќа Ал-Малики на функцијата премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ја повлече поддршката на САД за Ирак доколку поранешниот премиер Нури ал-Малики биде вратен на функцијата,јави ДПА.
„Поради лудите политики и идеологии на Ал-Малики], доколку биде избран, САД повеќе нема да му помагаат на Ирак и, ако не сме таму да помогнеме, Ирак има НУЛА шанса за успех, просперитет или слобода“, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth Social.
„Последниот пат кога Малики беше на власт, земјата потона во сиромаштија и тотален хаос. Тоа не треба да се дозволи повторно да се случи“, рече Трамп, додавајќи дека Ирак би направил „многу лош избор со повторното поставување на Нури ал-Малики на функцијата премиер“, пренесе германската агенција.
Околу два и пол месеци по парламентарните избори во Ирак, владејачката шиитска алијанса минатиот викенд го номинираше Ал-Малики за свој кандидат за функцијата премиер.
Ирачкиот парламент вчера требаше да избере нов претседател, кој потоа ќе го номинира премиерот. Меѓутоа, според извештаите на медиумите, изборот на претседател беше одложен поради несогласувања околу кандидатот.
Ал-Малики (75) беше шеф на владата во Ирак од 2006 до 2014 година по падот на долгогодишниот диктатор Садам Хусеин.
Критичарите – вклучувајќи ги и претставниците на тогашното американско раководство – го обвинија, меѓу другото, дека е одговорен за успехот на екстремистичката милиција Исламска држава поради неговото лошо управување.
Многумина во Ирак го сметаат за еден од најкорумпираните политичари во земјата. Ал-Малики и неговиот шиитски партиски сојуз имаат блиски врски со соседниот Иран.
Повеќе од 20 години по американската инвазија и соборувањето на Хусеин, и годините терористичко владеење на Исламска држава во делови од земјата, стабилноста во Ирак останува кревка. И САД и Иран се обидуваат да го наметнат своето влијание во земјата, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
-

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание
-

Фатон Сељами од Тетово избран за Народен правобранител
-

„Безбеден град“ стартува од 1 февруари, Собранието го изгласа Законот за прекршоците
