Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација
Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк.
- Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Белата куќа ја објави изминатите денови својата намера да се справи со „левичарскиот домашен тероризам“.
Осомничениот за убиството на Кирк, Тајлер Робинсон, е опишан како „убиец од крајната левица“ бидејќи ја осудил „омразата“ за која рекол дека Кирк ја ширел кон неговото семејство и пријатели и користел муниција со гравирани антифашистички пораки.
Робинсон беше обвинет по обвиненија што повлекуваат смртна казна.
МИА
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење