Трамп го разгледува новиот предлог од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го разгледа планот што го достави Иран за ставање крај на војната.
„Наскоро ќе го разгледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не можам да замислам дека тој би бил прифатлив со оглед на тоа што тие сè уште не платиле доволно висока цена за она што му го направија на човештвото и на светот во изминатите 47 години“, напиша тој на својата платформа „Truth Social“.
Иако е во сила неограничен прекин на огнот меѓу страните, преговорите за претворање на примирјето во траен договор се во застој поради острите несогласувања околу нуклеарните амбиции на Иран и контролата врз Ормуската Теснина.
Иранската државна новинска агенција ИРНА во петокот јави дека Техеран доставил нов предлог до САД преку посредници во Пакистан.
Иранскиот државен радиодифузер ИРИБ информира дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи, исто така, преку неколку телефонски повици ги информирал колегите во регионот за „новите иницијативи поврзани со завршувањето на војната“.
Детали за иницијативата не се откриени, пренесе ДПА.
САД и Израел почнаа напади врз Иран на 28 февруари. Техеран одговори со контранапади врз Израел и заливските држави, а исто така во голема мера ја блокираше Ормуската Теснина, која е од витално значење за глобалната трговија.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
