Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон, соопшти претставник на Белата куќа.
Извор од украинските власти изјави дека Зеленски планира да отпатува во САД, но неговиот тим сè уште чека официјална потврда од Белата куќа за програмата на претседателот Трамп.
Од кабинетот на украинскиот претседател засега нема официјален коментар за информацијата.
Конзервативната активистка и блиска соработничка на Трамп, Лора Лумер, објави дека го интервјуирала Зеленски, кој ѝ рекол дека најверојатно следната недела ќе престојува во САД, при што е предвидена и средба со американскиот претседател.
Лумер во објава на платформата Икс наведе и дека Зеленски планира да присуствува на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам, кој почина претходно овој месец.
Греам беше меѓу најгласните поддржувачи на Украина во американскиот Конгрес. По почетокот на руската инвазија врз Украина, тој десетпати ја посети земјата, се залагаше за воведување санкции против Русија и доследно ја поддржуваше американската воена и финансиска помош за Киев.
МИА
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
