Трамп: Иран е воено слаб, но „добар“ во ширење лажни информации

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека воено Иран е неефикасен и слаб, но „добар“ во објавување лажни информации.
„Иран одамна е познат како мајстор на медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено се неефикасни и слаби, но се навистина добри во ‘хранење’ со лажни информации на медиумите што живеат од лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје на дезинформации што Иран го користи прилично успешно, имајќи предвид дека секојдневното се уништуваат“, вели Трамп во постот објавен на социјалната мрежа „Truth Social’.
Американскиот претседател го обвини Техеран дека прикажал лажни „камиказе чамци“ како отвораат оган кон разни бродови на море, што навидумм како што вели, „изгледа прекрасно, моќно и жестоко“, притоа посочувајќи дека тие чамци воопшто не постојат и оти сето тоа се лажни информации за да се прикаже колку е „силна“ веќе поразената иранска војска.
„Петте американски авиони-танкери што наводно биле соборени и тешко оштетени, според лажните извештаи на ‘The Wall Street Journal’ и други, сите се во употреба, со исклучок на еден кој наскоро повторно ќе лета. Објектите и бродовите прикажани како горат - се тоа се лажни вести, генерирани од вештачка интелигенција“, рече Трамп.
Според неговите зборови, Иран го прикажал американскиот носач на авиони „Абрахан Линколн“како неконтролирано гори во океанот.
„Не само што не гореше, туку кон него воопшто не беше ни пукано. Тое е свесно лажирана проказна, а медиумите што ја генерирале треба да бидат обвинети за предавство поради ширење лажни информации“, наведе тој.
Трамп заклучи дека Иран е десеткуван и оти единствените битки што ги добива се оние што ги создава преку вештачка интелигенција, а кои ги дистрибуираат корумпирани медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
-

Мицкоски: Биографијата на Савески е гаранција за добар обвинител
-

Пропусти во предмети на судијата кај кого беа најдени 350 илјади евра
-

Академик Попов со критика кон домашните институции, но и меѓународната заедница
-

Ќе се менува законот за трансплантација за да се спасуваат повеќе животи
