Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“

– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран истрелал ракета врз британската воена база Диего Гарсија, која „наводно ја нема“, и оти е разочаран од одговорот на членките на НАТО, а особено од Велика Британија, на барањето за помош во војната со Иран.
Говорејќи за иранскиот напад со балистички ракети врз британско-американската воена база Диего Гарсија на островите Чагос во Индискиот Океан, Трамп на седницата на кабинетот рече дека Техеран на таа база истрелал „една ракета на 4.000 километри“, пренесува Скај Њуз.
– Наводно немаа таква ракета. Но, пукаа на сега веќе славниот остров, за кој Велика Британија многу се плашеше да ни даде (пристап до базата) бидејќи не сакаа да бидат вовлечени, но ниту ние не сакаме да бидеме вовлечени во нивните војни, рече Трамп.
Трамп истакна дека е „многу разочаран“ од НАТО, бидејќи некои земји членки соопштија дека сакаат да се вклучат кога војната на САД и Израел со Иран ќе заврши. „Всушност дадоа изјава, неколку од нив, дека сакаат да се вклучат кога војната ќе заврши. Не, требаше да се вклучат кога војната почна, или дури и пред да почне“, истакна Трамп.
Тој потоа посебно и се обрати на Велика Британија, за која рече дека има носачи на авиони кои се „играчки“ во споредба со оние што ги имаат САД.
– Слушнавме дека Велика Британија рече, ова беше пред три недели, дека ќе ги испрати своите носачи на авиони, кои, инаку, не се најдобрите носачи. Тие се играчки во споредба со она што го имаме ние – рече Трамп.
Тој на состанокот изрази сомнеж во можноста да се постигне мировен договор со Иран и предупреди дека на иранските лидери е да го убедат него да ја запре војната.
– Тие молат да се постигне договор. Не знам дали ќе можеме да го направиме тоа. Не знам дали сме подготвени. Тие сега имаат шанса, но тоа е до нив. Ќе видиме дали сакаат. Во меѓувреме, ние само ќе продолжиме непречено, со огромна сила да ги победуваме – изјави Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
-

Секој трет Македонец е гојазен
-

Откупната цена годинава на јагнето од 270 до 280 денари, сточарите бараа 300, си ги бараат и субвенциите за 2025 година
-

После 10 години Македонски шуми набави нова заштитна опрема за гасење пожари
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
