Трамп: Куба е на „раб на пропаст“

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека социјалистичка Куба се движи кон пропаст.
- Куба навистина е нација, која е многу блиску до пропаст. Социјалистичката карипска држава порано ги добиваше своите пари и нафта од Венецуела. Но, повеќе не добива, истакна Трамп при посетата на американската сојузна држава Ајова.
Откако на почетокот на годината американските сили го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, администрацијата на Трамп ја заостри реториката против комунистичката Влада на Куба.
Трамп ја повика Куба да склучи договор „пред да биде предоцна“.
Односите помеѓу Хавана и Вашингтон се тензични повеќе децении. Куба сега се соочува со најлошата економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и се бори со недостиг на гориво.
Иако испораките на венецуелска нафта се намалија изминатите години и се надополнуваат од Русија и Мексико, кубанската економија би можела целосно да се распадне ако САД целосно ја стопираат венецуелска нафта за Куба.
Ново на Сител
-

Зеленски: Донбас ќе биде во фокусот на мировните преговори со Русија и САД во ОАЕ
-

Филков: Онаму каде што има индиции за злоупотреби, ќе има институционална реакција
-

ДКСК разгледуваше претставки за училишта, судство и непријавена имотна состојба
-

Жител од Ваташа тешко повреден при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци
-

На ГП „Блато“ кај Дебар, минатата година рекордна фреквенција од над 1,42 милиони патници
-

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија важни и за регионот
-

Полицаец фатен во див лов, пукал во забранета зона со двајца пријатели
-

Кривична пријава за жител на село Скудриње за вршење јавен превоз без поседување лиценца
