Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, менува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите.
Ова се случува во рамките на напорите за преобликување на американските дипломатски претставништва и поставување кадар за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на Трамп од „Америка на прво место“, пренесува Бета повикувајќи се на Асошиејтед прес.
Шефовите на мисии во најмалку 29 земји минатата недела биле известени дека нивните мандати завршуваат во јануари, изјавиле двајца официјални претставници на Стејт департментот кои побарале да останат анонимни. Оние кои се засегнати од промените не ја губат својата работа во службата за надворешни работи и се враќаат во Вашингтон на други должности доколку сакаат да ги преземат, рекле тие официјални лица.
Сите повлечени амбасадори стапиле на должност за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но останале на тие места по првичната „чистка“ на почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, кога цел беа главно политички именуваните функционери.
Стејт департментот не го коментираше конкретниот број на персонал или амбасадори на кои се однесува ова, но соопшти дека се работи за стандарден процес во секоја администрација. Како што е соопштено, амбасадорот е „личен претставник на претседателот и право на претседателот е да осигура дека во овие земји има поединци кои ја унапредуваат неговата агенда ’Америка на прво место‘“.
Најмногу погодена од смените е Африка, каде се повлечени амбасадорите од 13 земји – Бурунди, Камерун, Зеленортските Острови, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.
На второ место е Азија со промени на амбасадорите во шест земји – Фиџи, Лаос, Маршалските Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.
Во Европа, смени ќе има во Ерменија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.
На Блискиот Исток во две држави – Алжир и Египет, колку и во Јужна и Централна Азија – во Непал и Шри Ланка, како и во Западната хемисфера – во Гватемала и Суринам.
МИА
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
