Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека подготвува указ, со кој ќе им се овозможи на земјоделците и сточарите сами да ја преработуваат својата храна.
Тој истакна дека тоа е обид да се уништи „одвратниот монопол“ на водечките преработувачи на храна во САД.
Трамп во објавата на неговата социјална мрежа „Трут соушл“ не именуваше конкретна прехранбена индустрија, но истакна дека „овластува брзо изготвување правни документи“.
Претходно, Трамп истакна дека дали има премногу регулативи за погоните за преработка на говедско месо.
Индустријата за преработка на месо во САД е на 75-годишен минимум во понудата, бидејќи растечките трошоци за одгледување добиток ги надминуваат остварените профити поради зголемените цени. Четири компании контролираат околу 85 проценти од преработката на месо во САД – „Каргил“ (Cargill), „Тајсон фудс“ (Cargill), „Џеј-би-ес Ју-ес-еј“ (JBS USA) и „Нешнал биф пакинг ко“ (National Beef Packing Co.).
Трамп, исто така, минатата недела соопшти дека ќе биде дозволено увезување на поголеми количини мелено говедско месо царини.
Американското Министерство за правда соопшти дека истражува дали компаниите за пакување месо нелегално ги зголемиле цените на говедското месо.
MИА
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
