Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека островот сака да остане дел од Кралството Данска. Тој вчера истакна дека не сака Вашингтон да го контролира Гренланд.
По неговата изјава, американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека Нилсен поради таквиот став ќе има „големи проблеми“.
-Па, тоа е негов проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој, не знам ништо за него, но ова ќе биде голем проблем за него – истакна Трамп одговарајќи на новинарско прашања за изјавите на Нилсен.
Гренланд е дел од Данска. Островот беше колонија до 1953 година, а од 2009 година има висок степен на автономија, со право самостојно да управува со внатрешните работи и да креира сопствена политика.
Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторува дека Гренланд треба да биде дел од САД, поради неговата стратешка важност за националната безбедност. Тензиите дополнително се зголемија по воената операција на САД во Венецуела на почетокот на јануари.
Лидерите на сите пет парламентарни партии на Гренланд издадоа заедничка изјава, со која се осудуваат притисокот од Вашингтон и јасно се спротивставуваат на приклучувањето кон САД.
Во исто време земјите-членки на Европска Унија разговараа за евентуален одговор доколку се реализираат американските закани.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
