Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Оваа најава на Трамп доаѓа само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува. САД во моментов го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО мора да преземе поголема улога во европската одбрана.
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, како и на нашите односи со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Трамп го прими Навроцки во Белата куќа во мај минатата година, давајќи му клучна поддршка пред изборите во Полска, на кои Навроцки го победи кандидатот од проевропската центристичка партија на премиерот Доналд Туск. Во септември, американскиот претседател повторно се сретна со него во Белата куќа, кога најави можно зголемување на американското воено присуство и вети сигурна одбрана за земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
-

Директорот на „Енвидија“ признал неверство, неговата љубовница кинеска шпионка
-

Почина масовниот убиец од Краков: Усмрти шест лица, а рани уште 15
-

Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила
-

Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормуската Теснина
