-->
-->
Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-->

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција.
Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби.
Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското летувалиште Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро, а на него ќе учествуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Канада и Јапонија, како и претставници на Европската унија.
Минатогодишниот самит на Г-7 се одржа во Канада.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
