Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите дата центрите, блокирањето технолошки проекти ќе ѝ даде предност на Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа развојот на дата центрите, наведувајќи дека тие се неопходни за глобалната трка кога станува збор за вештачката интелигенција. Toj предупреди дека блокирањето на технолошките проекти ќе ѝ даде предност на Кина.
„Толку многу пари можат да се заработат за Охајо. Не можете едноставно да ги исклучите. Тие ќе одат во Кина“, рече Трамп на предизборен собир во Вандалија, во американската држава Охајо, каде дата центрите се „жешка тема“ меѓу кандидатите за Сенат во земјата, пренесува „Хил“ (The Hill“).
Трамп рече дека капацитетите, кои ја обезбедуваат компјутерската моќ потребна за развој и управување со системите за вештачка интелигенција, кои ги нарече „суперинтелигенција“, би биле вредна инвестиција во Охајо.
МИА
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
