Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја.
„Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба.
Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде дека таква средба е можна доколку Вашингтон и Техеран постигнат договор.
„Ако дојде до тоа, би покажал почит“, порача американскиот претседател.
Трамп претходно изјави дека САД на крајот ќе ги преземат иранските резерви на високо збогатен ураниум, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде тој материјал.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
