Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да останат ограничувањата за американските и руските стратешки нуклеарни сили утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година.
– Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска.
Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и носачи на оружје, истекува на 5 февруари следната година.
Ова е првпат Трамп да се изјасни јавно за судбината на договорот откако повторно ја презеде функцијата на 20 јануари годинава.
– Кога ќе ги укинеш ограничувањата за нуклеарното оружје, тоа станува голем проблем, изјави Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
