Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп.
Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил дека ќе му порача на израелскиот лидер да не возвраќа на иранските напади, откако Техеран истрелал салва ракети кон израелски цели како одговор на нападот врз предградијата на Бејрут.
Иран соопшти дека секој долгорочен мировен договор со Вашингтон ќе зависи од почитувањето на примирјето во Либан, каде што Израел во март започна операција против борците на Хезболах, поддржани од Техеран.
Израел претходно изврши напади во областа на Бејрут, први откако САД минатата недела објавија план за примирје во Либан.
Подоцна, израелската армија соопшти дека идентификувала ракети истрелани од Иран и дека противвоздушната одбрана ги пресретнала. Засега нема информации за евентуална штета во Израел.
„Тоа сигурно нема да им помогне на преговорите. Она што ќе му го предложам на Иран е – ги истрелавте ракетите, доста е. Вратете се на преговарачката маса и склучете договор“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.
Запрашан за израелскиот напад врз Бејрут, Трамп рече „Не сум задоволен од тоа“.
Според извештаите, тоа бил прв ирански напад врз Израел од стапувањето во сила на примирјето поддржано од САД на 8 април.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
